#PeoplePossible

3150+ МБЕ центри во 52 земји низ светот нудат професионални услуги во областа на снабдување, микрологистика, маркетинг, графички дизајн и печатење. Сега можете да го најдете вашиот доверлив партнер и во С.Македонија!

За МБЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

MБE Северна Македонија е дел од меѓународно развиената мрежа на Mail Boxes Etc. - водечка глобална компанија во областа на логистички и маркетинг решенија за потребите на малите и средни бизниси, со повеќе од 3.150 центри во 52 земји во светот.

Компанијата обезбедува професионални услуги за складирање, пакување и испорака на пратки, вклучувајќи вредни или кршливи предмети, како и маркетинг решенија, дизајн и печатење. На овој начин, малите и средни претпријатија во Северна Македонија заштедуваат време и ресурси на своите клиенти и им помагаат да се фокусираат на развојот на нивниот бизнис.

Меѓу другите услуги во портфолиото на MБE Северна Македонија се поштенските сандачиња на MБE - за правни и физички лица; услуги за ученици и студенти; специјализирани решенија за управување со онлајн трговија и услуги на клиентите.

MБE Северна Македонија работи и со сопствен центар на територијата на целата земјата.

 

МИСИЈА

Нашата мисија е да ја олесниме работата на претприемачите, луѓето и бизнисите преку нашата лесно достапна логистичка мрежа, услуги и производи прилагодени на потребите на клиентите и обезбедување на највисоко ниво на услуга.

 

ВРЕДНОСТИ

ОРИЕНТАЦИЈА КОН КЛИЕНТИТЕ

Во MБE, правиме сè за да ги задоволиме нашите клиенти. Ги разбираме нивните потреби и грижи, одговараме на нивните прашања и нудиме приспособени решенија.

ЕМПАТИЈА

Се ставаме во кожата на клиентите за да ги разбереме нивните очекувања и да им понудиме решенија со став и внимание.

KNOW-HOW

Имајќи ги потребните вештини и знаења, тука сме да им обезбедиме на нашите клиенти услуги што навистина им се потребни.

ПРОАКТИВНОСТ

Работиме активно за да им обезбедиме решенија на нашите клиенти за континуирано надградување и подобрување на нивниот бизнис.

ИНОВАЦИЈА

Секогаш бараме нови решенија, процеси, методи и идеи кои им помагаат на нашите клиенти да станат поефикасни и попродуктивни.